Список форумов МЕТЕОРИТЫ. РУССКОЕ ОБЩЕСТВО ЛЮБИТЕЛЕЙ МЕТЕОРИТИКИ МЕТЕОРИТЫ. РУССКОЕ ОБЩЕСТВО ЛЮБИТЕЛЕЙ МЕТЕОРИТИКИ


ПЕРЕЙТИ НА САЙТ ЛАБОРАТОРИИ МЕТЕОРИТИКИ ГЕОХИ РАН

 
 FAQFAQ   ПоискПоиск   ПользователиПользователи   ГруппыГруппы   РегистрацияРегистрация 
 ПрофильПрофиль   Войти и проверить личные сообщенияВойти и проверить личные сообщения   ВходВход 

Шлакопемза из Македонии (2003 г.): факт или ошибка?

 
Этот форум закрыт, вы не можете писать новые сообщения и редактировать старые.   Эта тема закрыта, вы не можете писать ответы и редактировать сообщения.    Список форумов МЕТЕОРИТЫ. РУССКОЕ ОБЩЕСТВО ЛЮБИТЕЛЕЙ МЕТЕОРИТИКИ -> ПРИЛОЖЕНИЕ. Гипотетические "кометные метеориты"
Предыдущая тема :: Следующая тема  
Автор Сообщение
Кирилыч
Site Admin


Зарегистрирован: 25.08.2004
Сообщения: 2126
Откуда: Звенигород-Москва

СообщениеДобавлено: Вт Ноя 21, 2006 10:04 am    Заголовок сообщения: Шлакопемза из Македонии (2003 г.): факт или ошибка? Ответить с цитатой

МЕТЕОРИТ ПАДНА ВО МАКЕДОНИЈА

7.07.2003 г.

НА 7 ЈУЛИ ОВАА ГОДИНА МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈДЕ ПОД МЕТЕОРСКИ ДОЖД. ЧУДНАТА НЕБЕСНА ПОЈАВА НАЈДОБРО ЈА ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ЖИТЕЛИТЕ НА ЈУЖНИТЕ ДЕЛОВИ ОД РЕПУБЛИКАТА ОКОЛУ НЕГОТИНО, ГРАДСКО И ВЕЛЕС. МЕТЕОРОТ, КОЈ СО ОГРОМНА БРЗИНА НАВЛЕГОЛ ВО АТМОСФЕРАТА НА ЗЕМЈАТА, СО ЧУДНА СВЕТЛИНА БЛЕСНАЛ ВО ОВОЈ КРАЈ И ПРЕДИЗВИКАЛ ЉУБОПИТНОСТ, НО И СТРАВ МЕЃУ ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ.

АЛЕКСАНДАР ПИСАРЕВ
ФОТО - ДАРКО МОРАИТОВ


Последен пат дел од метеорит, според зборовите на пелеонтологот Гуте Младеновски, директор на Природо-научниот музеј на Македонија, е пронајден во нашата држава во 1974 година, во околина на Струга.
- Нашата екипа се подготвува овие денови да направи опсервација на теренот, за кој очевидците тврдат дека е локација на која паднале деловите од метеоритот. Секое негово парче е драгоцен материјал за научно истражување, - вели Младеновски.
Дел од споменатиот метеорит, кој падна на 7 јули во Македонија, во својот овоштарник го пронашол Кирил Ружинов од Велес. Тој је очевидец на оваа небесна појава - од влегувањето на метеорот во Земјината атмосфера до неговото паѓање некаде на хоризонтот над Скопска Црна Гора.





МЕЃУ ПРАСКИТЕ

"Форум" успеа да го пронајде Ружинов и да ја чуе автентичната приказна како се појавил овој метеор над македонското небо и како еден дел паднал во неговиот овоштарник.
- На 7 јули бев во обиколка на овоштарникот, кој се наоѓа во месноста Речани, северно од Велес преку Вардар. Веќе се стемни, небото беше ведро и го набљудував за да проценам какво време нi очекува утре. На небото забележав како се движи опашеста ѕвезда од вселената кон Земјата. Ја набљудував неколку секунди и одеднаш на набото се појави силен блесок, најпрвин во сина, па зелена и отпосле во црвена боја, небаре е светлечка ракета, небесното тело навлезе во Земјината атмосфера и целиот простор беше осветлен. Се движеше со огромна брзина и од него почнаа да се одвојуваат помали светлечки тела. Наеднаш, тука покрај мене, слушнав чуден звук од тело што паѓа и веднаш потоа тап удар на земјата, на десетина метри од местото каде што стоев. За момент здогледав нешто светликаво наземи, но додека тргнав да го побарам светлината исчезна и залудно талкав низ овоштарникот. Го одбележав од око местото каде што падна овој "предмет", со намера утредента да дојдам и да го барам, - раскажува Ружинов.
Тој утредента рано наутро дошол во овоштарникот и на одбележаното место забележал мал кратер во песокливата земја. На длабочина од околу 20 сантиметри успеал да го пронајде делот од метеоритот, кој е сега под опсервација на Природо-научниот музеј.
- Нема дилема дека ова е метеорит. Неговата тежина и структура тоа непобитно го потврдуваат, останува со хемиска анализа да се утврди точниот состав - вели Младеновски. Според Ружинив, метеоритот првите два дена по пронаоѓањето имал силен мирис кој потсетувал на изгорено чкорче од кибрит и на сулфор. Пронајдениот метеорит е тежок 75 грама. Младеновски вели дека астрономските набљудувања укажуваат дека нашата планета и подрачјето на Македонија овие денови се наоѓаат под метеорски дожд и дека може да се очекува уште некој метеор да падне на наша почва.

ПАНИКА ВО ГРАДСКО

Усвитената топка со голема опашка на небото први ја здогледале жителите на Градско и многу се исплашиле, а потоа и жителите на Велес и Свети Николе.
Жителите на Градско раскажуваат дека одеднаш на небото се појавила ѕвезда со големина на глобус, со огромна светлечка опашка зад себе и целото небо било осветлено. Народот се исплашил, некои избегале дома, но многумина љубопитно ја следеле патеката на ѕвездата која се движела од југ кон север и според нивната процена паднала некаде кај селото Коњари, Кумановско и при допир со земјата се случила експлозија. Сите велат дека слушнале силна експлозија кога ѕвездата паднала наземи, а според информација од Природо-научен музеј, жителите на Долни Дисан претпоставуваат дека делови од небесното тело се паднати и во нивниот атар.
Присуството на метеори на нашето небо го регистрирале и воениот аеродром Петровец и Центарот за тревожење и набљудување. Центарот потврдил дека над териоторијата на Македонија, во триаголникот Скопје-Куманово-Свети Николе, е забележан метеор кој со огромна брзина се движел кон Земјата и паднал најверојатно во некоја ненаселена област. Се претпоставува дека деловите од метеорот паднале некаде на Скопска Црна Гора, дека е можно да направиле длабок кратер, а дека некои делови се распрскани и во Србија или Косово.

ЧЕСТА ПОЈАВА

"Метеорските дождови се честа појава", ни толкува Гуте Младеновски. "Ваквите небесни тела сi додека се во атмосферата се нарекуваат метеори, а кога ќе паднат наземи ги викаме метеорити. Најмногу ги има меѓу Уран и Нептун и главно се од Сончевиот систем." Во таа смисла, според физичарот Ѓоре Ценев, од Македонскиот планетариум, планетата Земја меѓу 10 и 13 август ќе влезе во патеката на метеорскиот рој "Персиди".
"Темпел-Тутеловата комета на секои 33 години, или 3 пати во сто години, на својата патека се доближува до Сонцето. Под негово влијание доаѓа до делумно распаѓање на кометата и нејзините делови продолжуваат сами да се движат. Секоја година во периодот од 14-20 ноември, делови од кометата во роеви паѓаат на Земјата. Брзина на нивното движење во Земјината атмосфера изнесува 255.000 километри на час.
Кога овие метеорити влегуваат во Земјината атмосфера се запалуваат и ние ги гледаме како усвитена топка со опашка.
Инаку, низ историјата, на нашата планета паѓале огромни метеори. Според некои записи еден таков огромен метеор паднал и ја уништил Атлантида, за која ни ден-денес не се знае каде точно била лоцирана. Огромни метеори (комети) можат да уништата цели континенти, па и цели планети" - толкува Младеновски.
На планетата Земја во неколку наврати и се закануваше судир со огромната Халеева комета. Нејзиното доближување се најавува како пропаст на светот. Во 1986 година Халеевата комета толку се доближи до планетата Земја што во пресрет и беа пратени "извидувачи", односно космичкиот брод "Ѓото" кој и се доближи на само 600 километри и го собра нејзиниот прав како драгоцен материјал за проучување на историјата на вселената.

Источник: http://www.forum.com.mk/Arhiva/Forum134/fenomeni/fenomeni2.htm


Последний раз редактировалось: Кирилыч (Вт Ноя 21, 2006 4:25 pm), всего редактировалось 1 раз
Вернуться к началу
Посмотреть профиль Отправить личное сообщение Отправить e-mail
Показать сообщения:   
Этот форум закрыт, вы не можете писать новые сообщения и редактировать старые.   Эта тема закрыта, вы не можете писать ответы и редактировать сообщения.    Список форумов МЕТЕОРИТЫ. РУССКОЕ ОБЩЕСТВО ЛЮБИТЕЛЕЙ МЕТЕОРИТИКИ -> ПРИЛОЖЕНИЕ. Гипотетические "кометные метеориты" Часовой пояс: GMT + 3
Страница 1 из 1

 
Перейти:  
Вы не можете начинать темы
Вы не можете отвечать на сообщения
Вы не можете редактировать свои сообщения
Вы не можете удалять свои сообщения
Вы не можете голосовать в опросах


Powered by phpBB © 2001, 2005 phpBB Group